Русија објави детални информации за нивната електронска бомба

Русија објави детални информации за нивната електронска бомба

Руската војска поседува електронска бомба со која може да онеспособи цела американска морнарица, барем така наводно тврдат тамошните медиуми.

Неодамна објавениот извештај на една руска телевизија наведува дека руските сили имаат технологија со која можат американските бродови и нивното вооружување да ги направат целосно бескорисни, пренесува британски Express.

Во извештајот, за кој британскиот весник не наведува од кој руски медиум го преземал, се наведува дека “руските сили поседуваат технологија со која може да неутрализираат било каква закана, од учиштувач до сателит”.

“Не ви е потребно скапо оружје за да победите, доволно е технологија за силно попречување на радио-електронски сигнали”, стои во прилогот.

Видео-клипот дури и содржи изјава на американскиот генерал Франк Горенц, кој во една прилика рекол:

“Руското електронско оружје може комплетно да ја парализира американската опрема која е инсталирана на проектили, бродови, подморници, но и авиони”.

Според тврдењата на британскиот весник, рускиот претседател Владимир Путин пратил таканаречени “бродови-сенки”, кои ги следат американските уништувачи во водите околу Корејскиот полуостров.

На снимката уште се прикажува и системот на таканаречена “невидлива капа”, односно систем кој е невидлив за непријателските радари кои ги поседуваат американските бродови и авиони.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    “Повеќе од 2,000 мртви во Србија, Белград под мета на бомбардери”

    Беа тоа најтешките денови за Србија, под водство на Слободан Милошевиќ. Ваков наслов имаа ...

    Едноставно објаснување зошто кокаинот прави од луѓето будали

    Кокаинот е навистина забавна дрога зарем не? Не ми паѓа напамет ниту една друга ...

    Како Тито ја дочекувал новата година во Југославија?

    Откако знаеме за себе, Нова година е најславениот и најголемиот празник на нашите простори ...