Русија со план за Македонија и Балканот

Русија со план за Македонија и Балканот

Министер на Русија за Балканот…

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Н.Е. Олег Шчербак во своето последно интервју за „Наша ТВ“ обрна внимание и на иницијативата на НАТО за проширување на зоната на влијание и примање на нови членки во Источна Европа.

Како што вели Амбасадорот, за членство во НАТО може да одлучи само народот и никој друг. Според него, најсвеж пример во кој се манипулира со волјата на народот, или пак воопшто не се прашува за донесување на ваква судбоносна одлука, како што е членството во НАТО е примерот со Црна Гора која насилно и преку манипулација на народот е втурната во НАТО.

Тој истакнува дека Русија е принципиелно против проширувањето на НАТО, бидејќи токму експанзијата на оваа агресивна воена алијанса доведе до континуирано зголемување на тензиите во Европа, и наместо мир носи хаос и судир.

Агресивноста на НАТО јасно се покажа во насилното рушење на Југославија, што пак донесе до тешки последици по стабилноста, безбедноста и соработката во Европа – вели Амбасадорот, и потсети на бомбардирањето на Либија од страна на Алијансата со што беше прекршена резолуцијата Советот за безбедност на ОН, што всушност беше генератор на крвавиот масакар на Блискиот Исток, но и механизам преку кој се стартуваа низа на обоени револуции во регионот и истуркаа милиони бегалци кон Европа.

– Токму поради тоа во однос на НАТО и проширувањето на оваа агресивна алијанса на западните партнери имаме многу сериозни концептуални разлики. За разлика од Брисел ние се залагаме за единствен, неделив систем на безбедноста во Европа, еднаков за сите земји независно дали се членки на едните или другите меѓународни организации. Нашит опоненти во НАТО континентот го делат на свои и туѓи, притоа според нив туѓите немаа право да се надеваат на нивото на безбедност како „своите“. Таквиот став го сметаме за погрешен во неговата суштина и многу опасен.

Според Шчербак, безбедноста на Балканот не може да биде гарантирана преку експанзија на НАТО во регионот. Ова бара сериозна работа во враќањето на довербата и немешањето однадвор во внатрешните работи на Балканските земји.

– Обрнавме внимание и на доста перспективен предлог за создавање на Балканот на своевидна алијанса на неутрални држави со учество на Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Црна Гора. Рационалноста на идејата се потврдува и со искуствата на Австрија, Франција и Швајцарија кои не се членки на НАТО и кои во голема мера благодарение на својот неутрален статус добија многу политички и економски предности, успеаа да ги минимизираат воените ризици за населението што е многу важно. И обратно, тие кои испорачуваат вооружување на Балканот, играат со сеуште постоечките тука историски и етнички разлики и користејќи го тоа се обидуваат да ги вовлечат овие земји во НАТО и покрај волјата на народите, само го провоцираат хаосот и нестабилноста. – изјави амбасадорот на Руската Федерација во Маекдонија Н.Е Олег Шчербак во неговото интервју за „Наша ТВ“.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Хорор вечерва во Скопје, брзата помош со полни раце работа

    МВР соопшти дека се проверува дали има и други повредени. Вкупно 45 повредени лица ...

    Приведен Словенски агент во близина на вилата на Претседателот на Македонија

    Словенечката телевизија ПОП извести дека агентот на словенечката разузнавачка служба е уапсен во Македонија ...

    ВИДЕО: Кој би останал рамнодушен на ова?! Македонци од егејска Македонија зборуваат на својот МАЈЧИН ЈАЗИК!

    Македонци од егејска Македонија зборуваат на својот мајчин јазик. Велат дека се родиле Македонци ...