Русинот кој го спаси светот од Трета Светска војна

Русинот кој го спаси светот од Трета Светска војна

Со смртта на Фидел Кастро заврши една историска ера, а неговото заминување најверојатно значи и крај на Куба каква што ја знаеме.

Сиромашната островска земја на средината на минатиот век беше жртва на катастрофално лоша верзија на капитализмот која илјадници турна во сиромаштија. Токму поради тоа голем број Кубанци со раширени раце и одушевување ги дочекаа револуцијата и Фидел Кастро.

Но наскоро се покажа дека и комунизмот, како и секаде во светот, не е најдоброто решение.

Комунизмот на Куба беше голема морална, политичка но и безбедносна шлаканица за САД кои на стотина километри од својот брег добија голем сојузник на СССР.

Денес, кога станува збор за нуклеарното оружје, дострелот на балистичките проектили и заладувањето на односите меѓу Москва и Вашингтон, Кубанската криза претставува голем потсетник. Светот никогаш не бил поблиску до нуклеарна војна отколку за време на тие денови крај брегот на Куба. А, како што покажа историјата, војната практично речиси почнала, но со својата непослушност ја спречил еден човек.

Во октомври 1962, крај тукушто црвено обоената Куба, во нималку пријателска средба се нашле американски воени бродови од едната, и советска нуклеарна подморница од другата страна. Иако подморницата се наоѓала во меѓународни води, американските бродови, меѓу кои и еден носач на авиони, почнале во нејзина близина да активираат проектили за да ја натераат да излезе на површина и да се идентификува.

Тензиите меѓу САД и Советскиот Сојуз во тие денови биле застрашувачки, војната речиси можела да се почувствува, а само неколку дена претходно американски шпионски авион бил урнат над Куба. Главната причина за кризата била поставувањето на советски нуклеарни проектили на Куба кои можеле да стигнат до крајбрежните градови на Флорида.

Советската нуклеарна подморница Б-59, на која еден од командантите бил Василиј Аркипов, со денови немала контакт со надворешниот свет. Екипажот на подморницата немал поим дали почнала војната, а според детонациите кои можеле да се слушнат во далечината, мислеле дека токму тоа се случило. Командантот на подморницата Валентин Савицки решил дека војната почнала и решил да испука нуклеарно торпедо во американските бродови кои се обидувале да ги натераат да испливаат.

Сепак, за таквата одлука била потребна авторизација на уште двајца луѓе, политичкиот комесар Иван Масленков и заменик командантот Василиј Аркипов. Иако на повеќето руски подморници во тоа време била потребна само наредба од капетанот, поради низа околности командата на Б-59 била така организирана што нападот требало да го одобрат тројцата водечки луѓе.

Аркипов тврдел дека не може да одобри испукување торпедо без какви било информации за тоа што се случува на површината и одбил да даде согласност за лансирање на проектилот. На крајот го наговорил капетанот да испливаат на површината и да ја контактираат Москва.

Тој ден тврдоглавоста на Василиј Аркипов кој не сакал туку така да ја даде својата дозвола за напад без да знае точно кого напаѓаат веројатно го спасила светот од Трета светска војна, а во тоа се согласни и голем број историчари.

Во 2002 година Томас Блантон, тогашниот директор на американскиот архив кој имал пристап до сите податоци од Кубанската криза, кажа дека Василиј Аркипов го спасил светот. Самиот Аркипов до осумдесеттите години бил во советската морнарица. Умре во 1998 година.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Како работи албанската мафија?

    Албанската мафија е една од најозогласените криминални организации на светско ниво и покрај тоа ...

    Официјално пронајдена вода на Марс

    НАСА објави нови докази за постоење на вода на Марс. Роверот Curiosity на американската ...

    Најлудата теорија на заговор досега

    Зошто Америка го нападна Ирак? Дефинитивно не е поради нафтата… Ова е најлудата теорија ...