Се подготвуваат за војна: Ким нареди 600.000 луѓе да го напуштат градот

Се подготвуваат за војна: Ким нареди 600.000 луѓе да го напуштат градот

Што планира таинствениот севернокорејски лидер?

Додека едни сметаат дека станува збор за евакуација на жителите поради можна нуклеарна војна, други извори пак наведуваат дека Ким Јонг Ун само сака да го прочисти главниот град на Северна Кореја.

И додека расте напнатоста помеѓу Северна Кореја и САД, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун наводно наредил моментална евакуација на дури 600.000 луѓе од главниот град Пјонгјанг, што навистина мириса на подготовка за војна.

Како што наведуваат севернокорејските медиуми, жителите се простуваат едни од други, а се стравува дека Ким Јонг Ун може да направи нешто после месеци тестирање на нуклеарно оружје.
Но, од друга страна се наведува дека не станува збор за евакуација, туку за депортација. Но уште не се знае кога тие луѓе ќе бидат депортирани, ниту пак каде.

Ким сака да го прочисти главниот град на Северна Кореја и да и дозволи само на верната елитна класа да живее во Пјонгјанг, известува анонимен извор.

Помеѓу оние за кои властите наредија депортација се луѓе чиј роднини пребегале во Јужна Кореја, кои биле затворени, кои се дрогираат или затајуваат пари, или продуцираат, дистрибуираат или продаваат пиратски филмови од Јужна Кореја. Оние кои се фатени дека продаваат друга нелегално увезена роба на севернокорејскиот црн пазар, нема да бидат депортирани бидејќи тоа на големо се прошири и повеќе не се смета за сериозно кривично дело.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Почина четиригодишното девојче кое вчера беше прегазено во Скопје

    Четиригодишно девојче почина во болница откако вчера во 13.30 часот во Скопје, беше прегазено ...

    Поголем дел од Скопје без струја!

    Утре од 8:30 па се до 9:30 часот без струја ќе бидат граѓаните од ...

    Купете си стан за само 10.000 евра

    Откако Грција е во криза, цените на недвижностите се намалени. Грците се повеќе огласуваат ...