Што е навистина љубовта? Поучно видео кое ќе ви ги отвори очите.

Што е навистина љубовта? Поучно видео кое ќе ви ги отвори очите.

Дали сте навистина заљубени или пак сте само зависни од вашиот партнер? Prince Ea ќе ви покаже дека сè што досега сте слушнале за љубовта е погрешно.

Погледнете го видеото кое ќе ви ги отвори очите:

What If Everything You Knew About Love Was Wrong?https://www.instagram.com/prince_ea/

Posted by Prince Ea on Monday, February 13, 2017

„Љубов. Изгледа дека сите имаат своја дефиниција за тоа. Некои луѓе ги сакаат своите мачки, кучиња, коли, чевли. Некои луѓе ги сакаат своите сопрузи, некои луѓе сакаат секс. Едно е сигурно, сите сакаат да чувствуваат љубов, но не многу луѓе се добри во тоа.

Но, прашањето сè уште стои: што по ѓаволите е тоа? Работата е што ние сме заборавиле што всушност значи љубовта. Нашите идеи за љубовта доаѓаат од приказните, роментичните комедии, популарните песни, „мемињата“ на Фејсбук. Сите овие покажуваат некоја луд, романтичен тип на љубов. А како што сте вие свесни, во вашиот живот, овие идеи довеле до повеќе болка и лутина, отколку до задоволство и среќа. Причината е тоа што овие идеи имаат недостатоци. Тие се базираат на сопственост и себичност. Ти си мое „срце“, мое „злато“, моја „душичка“. Јас те сакам. Но, само ако си со мене. Не е тоа посесивен тип на љубов? Тоа е љубов со обврски. Тоа е нечист вид на љубов.

Запрашајте се следново: кого најмногу го мразите? Веројатно е некој што порано сте го сакале, така? Најголем процент на убиства се извршени од страст. Парови, кои некогаш се држеле за раце, сега држат пиштоли во главата на другиот поради љубомора и опсесија. Парови кои некогаш разменувале нежни бакнежи, сега се мразат еден со друг. Како е тоа можно? Како е можно љубовта за момент да се претвори во омраза? Дали е тоа љубов? Мојот одговор е не. Не е љубов. Тоа е компулсивна приврзаност.

Научниците всушност откриле дека оној дел од вашиот мозок кој се активира кога сте заљубени, е истиот тој дел кој се активира кога сте земале кокаин. Па така, циклусот на болка и задоволство, низ кои многу од нас минат додека се во врска, не прави да се чувствуваме живи. Но, погодете што – истото чувство го имаме и кога сме на хероин, океј? Тоа не е љубов. Тоа е приврзаност. Тоа е зависност. И тоа е кристално чисто.

Па, што е љубов? Јас верувам дека… сите, особено оние кои се во врска со некој, треба да целат кон повисока форма на љубов. Време е да пораснеме. Идејата дека една жена или еден маж ќе ги задоволи сите ваши потреби е себично и нефер. Да мислите дека некој може да ве „поправи“ или вие да поправите некого, е едноставно погрешно.

Видете, љубовта е внатрешна работа. За да можеме да ги сакаме останатите, мораме прво да се сакаме себеси. Мораме да созрееме на начин на кој ќе бидеме во состојба сами да се грижиме за нашите емоционални потреби. Да си помогнеме себеси. На тој начин, ги прифаќаме недостатоците на нашите партнери, затоа што веќе сме ги прифатиле нашите сопствени недостатоци. Не се обидуваме да поправиме нешто повеќе, затоа што поправањето само по себе значи дека нешто не е во ред. Ако сакате да го поправите вашиот партнер, значи дека не го сакате за тоа што е, туку за тоа што вие мислите дека тој може да биде. И тоа е погрешно и себично.

Морате да прифатите каде се наоѓате во вашиот живот и да знаете дека можете да се поправите во иднина. Кога еднаш тоа ќе го направите, на ист начин ќе го почитувате и вашиот партнер. Повеќе не постои лутина или контролирање во овој тип на љубов. Има релаксирано прифаќање, има учтивост, нежност, ранливост. Нема веќе заљубување. Се отворате на тој начин што и овозможувате на љубовта да влезе во вас. Па така станувате инструмент на љубовта. Веќе не се грижите дали ќе ви биде возвратена или не. Едноставно такви сте, знаете да сакате. Вие сте инструмент на љубовта.

Да заклучам: не знам дали сродните души постојат или не. Но знам, гледајќи ја природата на тој збор, таа фраза „сродна душа“ – морате да имате душа за да можете да го разберете тоа. И кога го покажувате вашето вистинско лице, вашата вистинска душа, повеќе не покажувате лутина, болка, минат неуспех или его. Тогаш љубовта ќе процути, затоа што единствениот израз на душата е чистата љубов. И јас мислам дека кога двајца, кога две души ќе успеат да го разберат ова – тоа е реткост, тоа е убавина и тоа е нешто кон кое сите треба да се стремиме понатаму.

Еве неколку мудри зборови: ако не знаете како да сакате, неизбежно е дека ќе ја уништите љубовта. Тоа е исто како да сте професионален столар – ако не знаете да го користите правилно алатот, шансите да си ја исечете раката се големи.“

loading...

Ознаки:

Можеби ви се допаѓа и

Како да го приготвите совршениот ручек за помалку од 150 денари?

Доколку мислевте дека не можете да направите вкусен ручек за целото семејство кој ќе ...

Среќен роденден на нашите омилени јунаци: Том и Џери денес полнат 77 години!

Вечното ривалство помеѓу мачката и глушецот го одбележа детството на многумина, и баш денес ...

Докторите се поклонуваат покрај мртвото тело на 11 годишното момче

Момче Лианг Јаоји од Кина со само 11 години, почина по двегодишна битка со ...