Што значат срцињата кои деновиве се појавија на Фејсбук?

Што значат срцињата кои деновиве се појавија на Фејсбук?

Ставањето срца на социјалните мрежи, жените меѓусебно се потсетуваат на важноста за грижата за сопственото здравје, односно за редовниот преглед на дојките.

Доколку неодамна сте го прегледале својот Фејсбук ѕид и сте забележале низа постови со срциња, овој симболичен статус кој освен срце често нема дополнително објаснување, многумина ги оставаше збунети.

Иако не е Св. Валентин, овој статус служи како мал потсетник за жените да се грижат за сопственото зравје.

Концептот се користи така што се објавува статус со срце, а во приватна порака се праќа објаснување дека тоа е само симболичен знак на жената да ги прегледува своите дојки.

Пораката гласи вака: “Здраво мила, можеш ли да ставиш срце на својот Фејсбук ѕид, без коментари, само срце, потоа испрати ја оваа порака на своите женски контакти. Нека се потсетат дека ова е недела за превенција на ракот на дојката!”.

Целта на овој статус е да се поттикне верижна реакција, но да не се произведуваат спам статуси. Оваа симболична кампања нема никаква хуманитарна позадин, но жените ширум светот изјавија дека ова може да биде одличен потсетник редовно да одат на преглед на дојките.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Google сака да ја врати довербата на огласувачите, но бојкотот продолжува и понатаму

    Предвидувањата на аналитичарите велат дека бојкотот на YouTube и Google може да ги чини ...

    Sony со нов update за PS4

    Компанијата пушти бета верзија од најновиот firmware за својата PS4 конзола. Во новата 4.50 верзија, ...

    Од што ќе бидат произведени медалите за олимписките игри во Токио

    Јапонија ги замоли своите граѓани и тие да помогнат во оваа иницијатива за медалите ...