Што значи доколку сонувате починато лице?

Што значи доколку сонувате починато лице?

Нашите сакани кои починале често ни се појавуваат во соништата.

Често, затоа што многу ни недостасуваат, но некогаш тие соништа носат многу подлабока порака.

Се обидуваат да ни кажат дека сè е во ред

Често починатите не доаѓаат на сон додека не сте завршиле со процесот на жалење, за нивната порака да допре до вас. Ако ви доаѓаат во сон, значи дека се добро и дека стигнале на „другата страна“. Ќе ве потсетуваат за да ви дадат дознание дека се присутни – било преку мириси или трепет на светлината или пак одредена песна на радио.

Се обидуват да ви кажат дека секогаш ќе бидат тука да ве поддржат во сè

Можете да ги видите вашите сакани во сон, кога се наоѓате пред тешка животна одлука, што е начин да ви кажат дека ве поддржуваат.

Сакаат да ви кажат дека ве сакаат

Само сакаат да знаете дека ве сакаат и дека внимаваат на вас.

Можеби ве предупредуваат

Ако сакаат да ве предупредат на нешто, ќе се појават на поинаков начин. Ќе изгледаат чудно или неприродно на сон.

Некогаш не кажуваат ни збор

Тие можеби нема да зборуваат на сон, туку ќе пренесат порака телепатски. Можеби само ќе се насмеат и ќе заминат, давајќи ви дознание дека внимаваат на вас.

Не сте единствени – овие соништа се чести и нормални

Овие соништа им се случуваат на сите кои имале некој кој неодамна починал. Ако не сте ја сонувале саканата личност која починала, а би сакале да допрете до неа, водете дневник на соништа или спијте со некоја од личните работи на саканата личност, пишува Стил.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Страшна сообраќајка во Скопје

    Тешка сообраќајна несреќа во која настрада мотоциклист се случи вчера на раскрсницата помеѓу улицата ...

    Блокирани општини во Македонија

    Што ја очекува Македонија? По 15 мај граѓаните нема да можат да склучуваат бракови, ...

    Што е тоа жолта куќа?

    Во Лешок е забележана активност на фирмата „Органс воч“ (Organs Watch), компанија која е ...