Силна експлозија во центарот на Белград

Силна експлозија во центарот на Белград

Детонирана авионската бомба од Втората светска војна, која беше пронајдена за време на изградбата на проектот „Белград на вода“.

Бомбата беше уништена од припадници на Секторот за вонредни ситуации на Министерството за внатрешни работи, откако претходно се слушнаа сирени, а сообраќајот во тој дел од градот беше запрен.

Бомбата неодамна беше откриена на девет метри длабочина, беше тешка околу половина тон, од кои 250 килограми беше експлозив и хемиска запалка, поради што не можеше да биде транспортирана, туку мораше безбедно да се уништи на самото место.

Градските власти објавија дека ефектите од детонацијата можеа да се почувствуваат во радиус од 500 метри, а на граѓаните од најблиските згради оддалечени само 400 метри, им беше препорачано да ги затворат ролетните и прозорците.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Специјалци ги апсеа напаѓачите на Зијадин Села

    По социјалните мрежи се шири фотографија како полицајци со вперен пиштол апсат еден од ...

    Ќе се одработи продолжениот школски распуст на средношколците и учениците!

    Учениците и средношколците денес се враќаат во училишните клупи каде што ќе го започнат ...

    Што се случува моментално пред Македонското Собрание?

    МВР наведуваат дека поради претходната безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземат дополнителни мерки и ...