Škoda Kodiaq добива RS верзија

Škoda Kodiaq добива RS верзија

Овој модел ќе биде придвижуван од 2.0 литарски битурбо дизел мотор со моќност од 240 коњски сили и 500 Nm вртежен момент.

Пристигна и потврдата, големиот чешки СУВ модел ќе му се придружи на RS семејството. Kodiaq ќе биде првиот СУВ во историјата на компанијата, кој ќе ги добие вистинските спортски перформанси.

RS верзијата под хаубата ќе има вграден 2.0 литарски битурбо дизел мотор, кој може да се сретне во VW Passat и Tiguan. Моторот развива 240 коњски сили и 500 Nm вртежен момент, а од 0 до 100 километри на час, забрзува за само 6,5 секунди.

Тоа значи дека Kodiaq RS ќе го има најголемото забрзување од сите автомобили во моменталната понуда на чешкиот производител. Се уште не е познато кога Kodiaq RS ќе има премиера, но пред тоа големиот чешки СУВ ќе биде претставен во нешто послаба TrimLine верзија, а тоа се очекува да се случи на саемот во Женева.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Во Европа пристигнува дизел верзија на Kia Stinger

    Премиерата се очекува да биде на саемот за автомобили во Женева, следната година Откако ...

    Mercedes-AMG го отвори првиот самостоен салон

    После Токио, и Сиднеј до крајот на 2017 година, ќе има AMG продажен центар. ...

    Mercedes-AMG GT 4 ќе го нападне моделот Panamera

    Во салоните спортскиот седан пристигнува 2019 година, а ќе има и единствена суспензија, карактеристична ...