SpaceX во 2019 го планира она што ниту на Facebook и Google не им успеа

SpaceX во 2019 го планира она што ниту на Facebook и Google не им успеа

SpaceX не само што се занимава со изградба на ракети и испраќање на сателити во вселената, туку сакаат да го постигнат она во што Google и Facebook не успеаа.

Кон крајот на изминатата година, SpaceX испрати молба за дозволување на лансирање на дури 4.425 сателити кои ќе овозможуваат брз интернет ширум целиот свет. Иако денешните сателити можат да се користат, моментално се доста бавни и испраќаат задоцнет сигнал, така што SpaceX мисли дека може да направи подобри, па побараа од FCC дозвола за лансирање на сите тие сателити.

Имено, SpaceX не е првата компанија која ја доби таа идеја, Google уште многу порано се обидуваше да направи нешто со проектот Loon, а Facebook имаше поинаков план, па така лансираше дронови кои испраќаа интернет сигнал на места каде што е невозможно да се постави традиционална интернет конекција.

Идејата на компанијата SpaceX е после одобрувањето на овој проект, уште на почетокот во 2018 година да започне со тестирање на своите сателити. Доколку сето тоа се покаже како спешно, се планира глобално лансирање на сите сателити во период од 2019 до 2024 година, после што целиот систем би бил пуштен онлајн.

Сите сателити би се лансирале со Falcon 9 ракети, кои веќе се покажаа како доверливи со висок процент на успешност.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Претставен првиот авион на батерии со кои ќе можат да летаат 50 патници

    Електричното летало на компанијата Zunum Aero би се користела за патнички сообраќај помеѓу две ...

    Windows 10 ќе добие нов Game Mode со следниот update

    Компанијата најавува дека во следниот update на Windows 10 ќе воведе нов Game Mode ...

    Нови информации за плановите на Apple: Наскоро пристигнуваат три нови iPhone телефони

    За помалку од пет месеци, Apple ќе претстави наследници на седмицата и целосно нов ...