Стој ли ЦИА позади конфликтот во Македонија?

Стој ли ЦИА позади конфликтот во Македонија?

Какви корени влече самиот проблем во Македонија?

Во Македонија, каде што веќе со месеци трае постизборната агонија, постои потенцијал да дојде до инцидент помеѓу припадниците на спротиставените табори, но и опасност да се случи организиран напад каков што беше оној во Куманово, во месец мај 2015 година, вели во интервју за Спутник, македонскиот аналитичар Цветин Чилиманов.

Има назнака, вели, да СДСМ планира да организира протести се со цел да дојде до конфликт со оние кои го подржуваат ВМРО-ДПМНЕ, при што би се обиделе да ги вклучат Албанците, се со цел да протестите бидат помасовни.

Чилиманов потсетува дека групата која го нападнала Куманово во текот на судскиот процес изјавила дека нивниот план бил да ја следат траекторијата на Ослободителната народна армија, групата од 2001 година, која ја нападна Македонија, и која подоцна стана важен политички фактор.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за тоа како делува ЦИА низ целиот свет, можете да ја прочитате статијата “Детална анализа на случувањата во Сирија”, со кликнување на овој линк.

Коментирајќи ги медиските наводи дека ЦИА предупредила на можност за избивање на широк конфликт на Балканот чиј прекинувач би била Македонија, Александар Раковиќ од Институтот за понова историја во Србија, потсетува дека токму ЦИА ја создала УЧК.

“Доколку тие велат дека може да дојде до конфликт, тие можат да застанат позади тие конфликти. Трамп може да се обиде да води поинаква политика, но ЦИА нема. Тој не успеа да воспостави контрола над ЦИА. Не воспостави ниту добра контрола над амбасадорот на САД во Скопје каде што и понатаму многу работи се случуваат по инерција”, вели Раковиќ.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    За што се користеле мистериозните бетонски прстенести базени на Хитлер?

    Тајните на Третиот Рајх и денес се предмет на истражувачите, историчарите, воените експерти и ...

    Што имаме ние на нашите пари?

    Интересен текст за кои вреди да се одвои неколку минутно внимание… Американците на своите ...

    Хитлер го имал во свои раце најважното медицинско откритие на светот

    Ото Хајнрих Варбург открил дека клетките на ракот добиваат енергија за раст и развој ...