Тачи по средбата со Ахмети: Не сме разговарале за учество во Влада

Тачи по средбата со Ахмети: Не сме разговарале за учество во Влада

„Победници на овие избори се Движењето Беса и НДП што се во коалиција.

Искрено им честитам и им порачувам дека ја имаат поддршката од ДПА. Како претседател на ДПА, им ја искажувам целосна опозициска поддршка на оваа коалиција и во исто време констатирам пред јавноста дека, нашите гласови и нашите пратеници ќе ги поддржат без никакви услови овие две политички парти“.

Ова го изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи веднаш по изборите кои се одржаа на 11 декември минатата година. Сепак, седум месеци подоцна, Тачи има поинакво мислење за овој политички субјект.

„Сакав да се сретнам и со лидерот на Движењето Беса. Сепак, тие имаа едно нелогично барање според мене. Ти сакаа средбата да се одржи далеку од јавноста и без медиуми“, истакна Тачи.

Од Движењето Беса за ТВ21 велат дека не сакаат да ги коментираат изјавите на Тачи кои според нив се чудни.

Тачи синоќа имаше средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Тетово. Средбата траеше околу два часа, а двајцата лидери изјавија дека тоа е дел од активностите за усогласување на ставовите помеѓу албанските политички партии за спроведување на договорот до Пржино.

„Останува и во иднина да продолжиме со овие средби и да видиме како ќе ги координираме подобро работите за полесна реализација на точките на овој договор“, рече Ахмети

Претседателот на ДПА, негира дека го сменил својот став за претседателот на ДУИ. Според него, Ахмети и понатаму е главниот политички опонент на ДПА. Прашан во врска со тоа дали имал некаква понуда да биде дел од извршната власт, Тачи рече дека тоа не било тема на разговор.

loading...
  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Што се случува во Собрание?

    Обезбедувањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев извадило огнено оружје при немирите во Собранието ...