Талат Џафери со порака до претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов

Талат Џафери со порака до претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов

Хаосот во Македонија е политички мотивиран поради неподготвеност да се предаде власта. За тоа е најодговорен директно Груевски, рече Џафери.

Новиот претседател на Собранието Талат Џафери е единствен легален и легитимен претседател на Собранието, изјави тој за ХРТ, хрватската државна телевизија.

Џафери му даде рок од 10 дена на претседателот на државата, период во кој Иванов треба да го му додели мандат на парламентарното мнозинство за формирање влада.

– Ако претседателот Иванов не го даде мандатот за влада на парламентарното мнозинство, тој ќе направи кривично дело. Тој тоа мора да го направи бидејќу Уставот и законите не познаваат такво непостапување – рече Џафери за ХРТ.

На прашањето дали „Тиранската декларација“ го урива суверенитетот на Македонија, Џафери рече дека не се работи за никаква декларација туку за договор помеѓу партиите за постизборна соработка.

– Хаосот во Македонија е политички мотивиран поради неподготвеност да се предаде власта. За тоа е најодговорен директно Груевски а индиректно Иванов – рече Џафери.

Интервјуто за ХРТ беше направено во просториите на Собранието.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Српскиот претседател Вучиќ со контроверзен план за Балкански Пазар

    Србија со контроверзен план… Србија мора цврсто да остане на патот кон Европската унија, ...

    Зоран Заев нападнат со јајца во Скопје

    Автомобилот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, луксузното Ауди А8 денеска беше нападнато со ...

    Хаос низ Скопје, полицијата и алфите беа активирани на сите страни

    Полицијата приведе девет лица како можни сторители на три кривични дела „насилство“ што се ...