Тепачка на стадион во Тетово помеѓу фудбалерите на Вардар и Шкендија (видео)

Тепачка на стадион во Тетово помеѓу фудбалерите на Вардар и Шкендија (видео)

Реванш натпреварот од полуфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Шкендија и Вардар е прекинат.

До прекин на мечот дојде во 30-тата минута од средбата, кога по еден груб прекршок на Фелипе, капитените на двата тима Грнчаров и Хасани влегоа во вербална, а потоа и физичка пресметка, па главниот судијата Александар Страврев на двајцата им покажа црвен картон.

Публиката почна со навредливо скандирање, а додека Грнчаров го напушташе теренот кон него летнаа предмети. Веднаш потоа, фудбалерите на Вардар се повлекоа и во соблекувалната, затоа што од трибините навивачи се обиделе да влезат на терен.

Инаку актуелниот бранител на трофејот Шкендија има голема предност од првиот меч одигран во Скопје каде тетовската екипа забележа победа со 3:1.

На вториот меч од полуфиналето во Битола, меѓу Пелистер и Брегалница резултатот по првото полувреме е 0:0. Првиот дуел во Штим заврши со резултат 2:2.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Steph Curry и Draymond Green “шизаа” со нивниот најголем фан (Видео)

    Curry и Green танцуваа со жената позната како Dancing Mom од Golden State. Жената која ...

    Реал Мадрид со победа против Наполи, погледнете ги головите (Видео)

    Шпанската екипа триумфираше иако на почетокот од натпреварот губеше со 0-1. Наполи поведе во ...

    Барселона губи два разлика

    Барселона е вистински дебакл. Каква претстава на малиот Пол Дибале, сјајниот аргентинец од два ...