Tesla Model 3 ќе биде десет пати побезбеден од просечен автомобил

Tesla Model 3 ќе биде десет пати побезбеден од просечен автомобил

Хардверот и софтверот на Model 3 ќе овозможи големо ниво на активна безбедност, со што овој автомобил би можел да биде и десет пати побезбеден од денешните просечни автомобили.

Поминаа година дена од претставувањето на новиот модел автомобил на Tesla, а иако неговото масовно производство се уште не е почнато, уте сега можеме да кажеме дека ова ќе биде најпродаваното возило на оваа компанија. Tesla 3 според цената е најпристапен автомобил на Tesla, а интересот на корисниците и бројот на нарачки го изненадија дури и основачот на компанијата Elon Musk.

Според страницата Digital Trends, Model 3 е еден од најочекуваните автомобили во историјата за кој бројот на нарачки набрзо после претставувањето на прототипот достигна речиси 400.000 парчиња, што досега никогаш не се случило.

На почетокот на минатата недела, објавени се нови информации кои дополнително би можеле да го зголемат интересот за овој автомобил – според Адам Џонас, Model 3 ќе има степен на безбедност кој нема да може да го оствари ниту еден друг автомобил. Тој вели дека верува како хардверот и софтверот на Model 3 ќе овозможат големо ниво на активна безбедност со што овој автомобил би можел да биде и десет пати побезбеден од денешниот просечен автомобил. За поголемиот дел од купувачите, најважен факто при избирање на новиот модел автомобил (со цената секако) е безбедноста, така што во Tesla можат да очекуваат одлична продажба на овој автомобил.

До големата безбедност на Tesla автомобил ќе придонесе и автопилотот, кој Џонас го нарече надчовечки асистент. Уште минатата година, Елон Маск изјави дека ризикот од сообраќајна несреќа со возило на Tesla, е педесет проценти помал во однос на другите возила. Неговата изјава се однесуваше на првата верзија на автопилотот кој е надградена и која во иднина ќе биде уште понапредна и посигурна, односно, кога ќе се појави Model 3.

Освен претставувањето на сите квалитетни и според цената поволни модели, далечната популаризација на електричните автомобили ќе придонесе и константно ќе ја унапреди инфраструктурата и зголемувањето на бројот на станици за полнење на електрични возила – како во светот, така и во Хрватска.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Лекција за сите претприемачи – вака треба да се грижите за вашите корисници

    За бизнис лидерите, социјалните медиуми знаат да бидат опасна територија, но тоа не го ...

    Mercedes-AMG GT 4 ќе го нападне моделот Panamera

    Во салоните спортскиот седан пристигнува 2019 година, а ќе има и единствена суспензија, карактеристична ...

    Mercedes-AMG го отвори првиот самостоен салон

    После Токио, и Сиднеј до крајот на 2017 година, ќе има AMG продажен центар. ...