Трамп боледува од неизлечива болест

Трамп боледува од неизлечива болест

Еден од врвните психолози во државата прекрши едно од правилата на етиката во неговата професија и даде професионална дијагноза за претседател Доналд Трамп.

Џон Д. Гартнер, психотерапевт, кој предава на Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор, Мериленд, изјави за US News дека верува дека Трамп има „малиген нарцизам“, кој е неизлечив, болест што се разликува од нарцисоидното растројство на личноста. Гартнер го прекрши „правилото Голдвотер“ во неговата професијата, психологијата, во која соопштување на дијагноза на една јавна личност без личен преглед и без нејзина согласност, се смета за неетичко однесување, пишува Зек Картрајт за usuncut.

„Доналд Трамп е опасно ментално болен и според однесувањето, неспособен да биде претседател“, рече Гартнер, повикувајќи се на неговото движење и однесување, укажувајќи на тенденцијата на претседателот кон грандиозност, садизам, агресивност, параноја и несоцијален модел на однесување.

– Видовме доволно од јавното однесување на Доналд Трамп за сега да можеме да ја дадеме оваа неспорна дијагноза – додаде Гартнер.

Всушност, дијагнозата одговара на најновата дефиниција за малиген нарцизам во психологијата која, кога се опишува, звучи како опис на Доналд Трамп речиси до буква. Кери Барон, доктор по медицина, кој напиша текст во списание за малигниот нарцизам, вели дека пореметувањето „ги прави овие лица страшни, опасни и безмилосни“.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Првиот ланец на вегански супермаркети на светот штотуку банкротираше

    Тажно е што сега изгледа дека светот никогаш нема да знае што се случува ...

    Крвава драма во Велес

    Наспроти крвавото беснеење кај Темелкови, И.Ј. во болница и полиција бил мирен и тивок. ...

    Протести во Арачиново

    Жителите  на Арачиново денска протестираа против високите сметки на електрична енергија. Тие го блокираа патот ...