Цела Србија потона во мрак

Цела Србија потона во мрак

Десетта по ред акција од глобални размери „Час за нашата планета“ ќе се одржи денеска ширум планетата, а таа најголема светска еколошка акција ќе почне со гасењето на светло во 20:30 до 21:30 часот, соопштија од Зелена Србија.

Зелена Србија во соопштението ги повика граѓаните, градовит еи организациите да ги исклучат светлата во своите домаќинства и другите објекти и да заедно се променат секојдневните навики за подобра планета и за нас самите.

Светската иницијатива „Час за нашата планета“ е покрената во 2007 година во Сиднеј.

Акцијата има за цел да ја подигне свеста и заедничкото делување за зачувување на нашата планета.

Зелена Србија апелира за брза и ефикасна примена на мерките против климатските промени како и мерки за ублажување и адаптација на истите, како и силно учество на сите граѓани, затоа што тие претставуваат глобален проблем.

Последиците и ризиците од климатските промени се многу штетни и долгорочни, и нема да биде поштедена ниту една област во светот.

Веќе се соочуваме со екстремни временски прилики, зголемена температура, топлотни бранови, зачестени поплави, пожари и интезивна суша и здравствени проблеми.

Од клучно значење е намалувањето на емисиите на јаглен диоксид и останатите гасови со ефект на стаклената градина, што е обврска и на државите на Балканот.

Позитивните резултати и напредок нема да бидат можни да се остварат без развој и унапредување на енергенската ефикасност, зачувување на природните ресурси, и примена на зеланата технологија за производство на енергија, е наведено во соопштението

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Вонредна состојба во Монте Карло, хаосот владее на сите страни

    Монте Карло е во вонредна состојба откако разбојници ја ограбиле познатата златарница Картие во ...

    (ВИДЕО) Украинската војска напаѓа! Се фрлаат гранати во Донбас

    Украинските безбедносните сили го гранатираа јужниот дел во областа на самопрогласената ДНР. За време ...

    Амблемите на Полицијата и Војската ќе бидат двојазични во Скопје

    Амблемите на војската и полицијата ќе бидат двојазични во општините каде што Албанците се ...