Владимир Путин заинтересиран за ново економско оружје

Владимир Путин заинтересиран за ново економско оружје

Русија би можела со класична валута, да добие и виртуелна и тоа во облик на притовалутата Ethereum.

Рускиот претседател Владимир Путин е заинтересиран за Ehtereum, втората најголема криптовалута после Bitcoin. Путин во Ethereum виде потенцијално орудие со која руската економија би се проширила надвор од сегментот на нафта и плин.

На маргините на економскиот форум во Санкт Петерсбург, се сретнал со Виталик Бутерин, основач на Ehtereum и ги подржал неговите планови за изградба на мрежа на контакти со локалните партнери се со цел Русија да ја имплементира “blockchain” технологијата.

Таа технологија овозможува дистрибуција на дигитална информација, наместо копирање. Иако технологијата настанала за потребите на дигиталната валута Bitcoin, во меѓувреме нејзиниот потенцијал стана важна тема во многу индустрии, а посебно во финансискиот сектор.

Дигиталната економија не е посебна индустрија, туку претставува основа за криерање на нови деловни модели, изјави Путин во текот на расправата за зајакнување на долгорочниот раст после што Русија би можела да излезе од најголемата рецесија во последните две децении.

Виртуелните или криптовалутите би можеле да и помогнат на економија правејќи онлајн трансакциите да бидат поедноставни и побезбедни.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Со овој додаток на iPhone би можеле да имате Android OS

    Веројатно ниту еден паметен телефон на светот нема толку додатоци како iPhone, но сепак ...

    Samsung склучи договор со Apple за набавка на OLED панели за новиот iPhone 8

    Сајтот Korea Herald тврди дека договорот помеѓу Samsung и Apple е веќе потпишан. Според ...

    Експлодирал iPhone додека се полнел (Видео)

    Жена раскажува за тоа како нејзиниот iPhone 6 Plus се запалил додека се полнел. ...