Внимавајте на вашите деца, во Македонија на Фејсбук се шири ЛГБТ пропаганда

Внимавајте на вашите деца, во Македонија на Фејсбук се шири ЛГБТ пропаганда

13-годишници се таргет-група на македонскиот сајт за информирање на ЛГБТ заедницата, queer.mk, пишуваат неколку македонски информативни медиуми.

Овој веб-сајт, кој објавува вести за активностите на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансвеститите ширум светот, на својата фејсбук-група плаќа реклами за тоа нивните вести да им излегуваат на почетните страници на 13-годишни деца.

– Вие ја гледате оваа реклама затоа што queer.mk сака да им пристапи на луѓето кои се над 13 години и живеат или скоро биле во Македонија – стои во објаснувањето од Фејсбук кога ќе кликнете на прашањето: Зошто на вашата почетна страница се појавуваат токму вакви, хомосексуални информации?

Ако кликнете на било која од овие реклами кои им се појавуваат на малолетниците, ќе бидете пренасочени кон веб-страницата queer.mk, каде што има информации, совети и уште многу други работи поврзани со хомосексуалците. Што всушност претставува и своевидна пропаганда за најмладите, кои се таргет-група, односно – ги навлекуваат.

Сопственици на сајтот се 2 невладини организации, Квир Македонија и Женска Алијанса – Скопје, а тие во нивниот импресум навеле дека нивен финансиер е Американската амбасада во Скопје.

– Содржините на сајтот се од информативен и едукативен карактер, наменети за подигнување на јавната свест за човековите права и слободи на сите граѓани, особено ЛГБТК. Темите во публикацијата се од интерес како за ЛГБТИК заедницата, така и за пошироката публика – стои во описот на сајтот.

Од сајтот не ни кријат дека нивна цел е да пристапуваат и да поттикнуваат комуникација помеѓу ЛГБТ луѓето, значи малолетни тинејџери кои им се таргет-група.

– Некои од активностите на нашата редакција се медиумски активизам, информирање за сите релевантни аспекти од животот на ЛГБТИК заедницата, поттикнување на ЛГБТИК луѓето и организациите на отворена комуникација за своите вредносни ставови и животни стилови, како и јакнење на нивната самодоверба и самопочитување – додаваат од queer.mk.

Во описот стои дека главен и одговорен уредник на сајтот е извесен Петар Стојаковиќ, менаџер е Гордана Трпчевска, а како новинари кои информираат за активности на ЛГБТ заедницата ангажирани се Катерина Гетева и Биљана Божиновска. Сајтот на хомосексуалците има и видеоснимател и монтажер кој се вика Борис Каески, како и двајца волонтери.

Граѓаните на социјалните мрежи го искажуваат своето незадоволство од тоа што вакви сајтови му плаќаат на Фејсбук за да се појавуваат и да ги заведуваат нивните деца.

– Гнасна пропаганда, Содома и Гомора. Кој ги спонзорира овие ЛГБТ сајтови? Полни со хомосексуални вести, сајтови кои спонзорирано се шират и тоа погледнете таргет од 13 години па нагоре? – прашува еден од загрижените граѓани.

Дали овој сајт има други финансиери освен наведената Американска амбасада, сопствениците не откриваат јавно. Но, иако им дава пари за да промовираат хомосексуализам кај тинејџери, амбасадата на САД се оградува од она што излегува на queer.mk.

– Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата, и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот (ите)/авторот (ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД – стои во објаснувањето од Амбасадата, пишува Вечер.мк

loading...
  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Најбогатиот македонец на светот, поседува богатство од 6 милијарди долари

    Мајк Илич е поприлично непознато име за македонската јавност. Неговото име исплива во рангирањето ...

    ВИДЕО: Бесен пожар во Нов Зеланд! Населението се евакуира…

    Повеќе од сто пожарникари и дестина авиони се борат со големиот пожар кој избувна ...

    Гори зграда во центарот на Скопје

    Пожар попладнево зафати станбена зграда на улицата „9-ти мај„ позади Универзалната сала во центарот ...