Зошто јадењето помалку нема да ви помогне да ослабете?

Зошто јадењето помалку нема да ви помогне да ослабете?

Сите знаеме дека калориите се важни кога станува збор за слабеење. Сѐ додека јадеме помалку калории отколку што трошиме, ние би требало да слабееме.

Ова е логично, но не треба да се сфати како апсолутна вистина, особено доколку сакаме да ослабеме на здрав и долготраен начин.

Постојаното внесување на премалку калории носи со себе ризик од неухранетост, што резултира со нездраво губење килограми и дефицит на хранливи состојки.

За жените минималниот препорачан дневен внес на калории изнесува 1,200, додека пак за мажите тој изнесува 1,500.

3 причини зошто јадењето помалку калории од препорачаното е лоша идеја:

  1. Ќе имате побавен метаболизам. Кога внесувате многу малку калории, вашето тело се навикнува да преживува со помалку храна, што предизвикува забавување на метаболизмот. Тоа значи дека ќе немате доволно енергија за да ги извршувате вашите секојдневни обврски, ќе се чувствувате мрзливи, вашето расположение ќе биде променливо, нема да можете да извршувате физички активности и слично. Откако ќе започнете да јадете повеќе, ќе му треба многу време на вашето тело да се прилагоди и на метаболизмот да се врати во нормала.
  2. Ќе започнете да губите мускулни и органски ткива. При потхранетост, главен извор на енергија стануваат протеините и мастите, наместо јагленохидратите. При намален внес на јагленохидрати, телото почнува да ги разградува мускулните и органиските ткива за да го обезбеди потребниот минимум на глукоза во крвта. Тоа е многу лошо, затоа што телото со тек на време нема да разликува помеѓу есенцијални ткива и помалку важни ткива. Тоа неизбежно доведува до оштетување на виталните органи.
  3. Ќе имате зголемен дефицит на хранливи состојки. Колку помалку храна јадеме, толку помалку калории внесуваме. Меѓутоа помалку храна значи и помал избор на јадења. За телото да функционира беспрекорно потребно е да внесуваме и микронутриенти (витамини и минерали) и макронутриенти (масти, протеини и јагленохидрати). Потхранетоста го зголемува ризикот од недостиг на хранливи состојки, особено на калциум, железо, цинк, витамин Д и витамини од Б-групата. Дополнително, тоа предизвикува хормонален дисбаланс што е исто така штетно за здравјето.

Иако калорискиот дефицит овозможува слабеење на краток рок, сепак тоа не е идеално решение на долг рок поради големите ризици за здравјето што ги носи со себе. Најдобро е да го постигнете тој дефицит со внесување на доволно калории преку исхраната, но во исто време и со согорување на дополнителни калории со физичка активност.

Затоа што здравјето секогаш треба да биде пред физичкиот изглед.

loading...

Ознаки:

Можеби ви се допаѓа и

Храброст или лудило? Овој човек се обидува да направи селфи на само неколку метри од активен вулкан

Вулканот Киалуеа на Хаваите е еден од најактивните вулкани во светот, чија ерупција привлекува илјадници ...

Со неа сите би вежбале јога! Кога ќе видите каков задник има, ќе останете без здив

Најдобрите вежби, и задник кои ќе ги видите денес… Најубавата водителка на временска прогноза, ...