Зошто пропадна цивилизацијата на Маите?

Зошто пропадна цивилизацијата на Маите?

Археолозите ја создадоа најпрецизната хронологија на цивилизацијата на Маите, што открива и сосема нови увиди во пропаѓањето на овој древен народ.

Истражувачите од Универзитетот во Аризона анализирале 154 примероци на радиокарбонско датирање од кралската палата во Цеибал, која била изгорена до темел во текот на класичната цивилизација на Маите во 9-ти век.

Новата анализа даде прецизна хронологија и ги откри најголемите достигнувања и падови кои довеле до пропаст на цивилизацијата.

Научниците велат дека пред конечната пропаст, имало помали цивилизациски колапси.
“Она што го октривме се два случаеви на пропаст – Класични и Преткласични – следеле слични шаблони, вели Такеши Иномата, професорор по антропологија и археологија.

“Тоа не е едноставен колапс, туку постоење на бранови на колапси. Како прво, тука се помали, поврзани со војувањето и некои политички кризи, а потоа доаѓа и големиот колапс, во кој многу градови се напуштени. Потоа, на некои места дошло до опоравување, само за да следи уште еден колапс кој го докрајчил кралството”.

Иако науката се уште нема одговор зошто баш Маите и нивните градови толку брзо исчезнале, најновата анализа нуди појасна слика за рушењето на големата цивилизација.

“Интересно е што двете пропаѓања кои ги доживеале Маите се слични, но во многу различни временски периоди. Сега имаме добро разбирање за тоа како тој процес изгледал и тоа потенцијално може да послужи како дополнително знаење и продолжување на истрагата на други истражувачи”.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Откриена причината зошто Американците навистина слетале на Месечината

    Америка, против Русија, вселенска и ракетна трка која ги помести границите во светот на ...

    Србија испрати предупредување до Македонија

    Србските медиуми продолжуваат со сензационалистичка пропаганда кога е во прашање политичката криза во Македонија ...