Зошто Тито никогаш не го посетувал гробот на своите родители?

Зошто Тито никогаш не го посетувал гробот на своите родители?

Родителите на Јосип Броз Тито се погребани во Купинец, Хрватска, но Јосип Броз Тито нивниот гроб никогаш не го посетувал.

За животот на првиот човек на поранешна Југославија и денес постојат многу непознати работи, иако во секој случај станува збор за најистражуваниот јужнословенски политичар на сите времиња.

Малку е познато дека родителите на Јосип Броз Тито се погребани во малото населено место во Хрватска – Купинец, како и за тоа дека Тито никогаш не го посетувал нивниот гроб. Токму ова ги подгрева најголемите теории на заговор за Јосип Броз кои што тврдат дека тој не бил „обичен селанец“, туку руски благородник или пак дете на австриски гроф.

Исто така, малку е познато дека пред деведесетина години, на гробиштата во Купинец, двајца мажи – Јосип Броз и неговиот пријател Фрањо Бистрица, длабоко во ноќта погребале бебе старо два дена, кое што било син токму на Јосип Броз, кој подоцна ќе биде познат на целиот свет како Тито. Бебето не можело легално да биде погребано затоа што не било крстено, но Тито инсистирал на тоа, го погребал својот штотуку роден син, а неговиот гроб не го обележал.

Тој неколку дена пристигнал во Купинец, мало населено место во Хрватска, каде што неговите родители се преселиле од Кумровец, неговото родно место. Неговиот татко добил куќа во Купинец во 1912-та година од банката за која што работел.

Тито пристигнал од Русија, а со него пристигнала неговата прва сопруга Пелагија. Во книгата на Владимир Дедијер со наслов „Нови прилози за биографијата на Јосип Броз Тито“, постои сведоштво на Тито за неговото враќање во татковината.

„Пристигнав таму една ноќ и го пронајдов мојот татко и еден од моите браќа на вечера. Ми кажаа дека мојата мајка Марија починала во 1918-та година. Само неколку часа подоцна, мојата жена го роди моето прво дете, но тоа почина после само два дена“, раскажал Тито.

Сепак, додека Кумровец денес е познатото родно место на Тито, Купинец е речиси целосно заборавен. Камената плоча каде што е погребани неговата мајка Марија, таткото Фрањо и сестрата Тилда е добро сочувана, а за неа се грижеле комуналците и војниците на Југословенската народна армија.

Но, дали навистина во тој гроб се родителите на Јосип Броз Тито? Владимир Дедијер детално го истражувал настанокот и потеклото на теоријата на заговор за тоа дека Тито е руски агент кој што застанал на чело на антифашистичкото движење во Југославија.

Уште во 1941-ва година за „рускиот агент Тито“ известувале медиумите во Велика Британија и САД. Извор на овие информации бил познатиот армиски генерал Дражо Михајловиќ. Тито во септември 1981-ва година се состанал со лидерот на четниците и после тој состанок четничкиот лидер започнал да шири теории дека Тито не е Југословен, туку Русин.

Русите веднаш реагирале и им јавиле на Британците дека таа теорија за нивниот агент е измислена, а потоа се јавиле и сојузниците на Михајловиќ кои што исто така ги отфрлиле таквите тврдења.

Сепак, и ден денес е навистина интригантно како тоа еден „обичен селанец“ станал еден од најголемите лидери во светот, живеел „спектакуларен живот“, свирел пијано и говорел неколку странски јазици, од кои што германскиот јазик го говорел со виенски акцент. Откритието дека тој никогаш не го посетувал гробот на своите родители само ги зголемува овие сомнежи.

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Што се крие длабоко во шумата на 15 километри од Кичево?

    Свињиште, планинско село на 15 километри од Кичево, веднаш покрај патот за Демир Хисар. ...

    Вознемирувачки фотографии од војната во Сирија

    Војната во Сирија веќе трае со години, а пет милиони луѓе се иселени од ...

    Членовите на Црна Ружа, ги има и во Македонија

    Ретко можат да се сретнат информации за оваа сатанистичка секта која се појавува во ...