Зошто до вашиот кревет треба да имате "Ловец на Соништа"?

Зошто до вашиот кревет треба да имате “Ловец на Соништа”?

Домородните Американци верувале дека ноќниот воздух е полн со соништа, добри, но и лоши.

Ловецот на соништа тие го закачувале над креветите или близу до нив за да ги „фаќа“ соновите. Добрите соништа поминуваат низ пајаковата мрежа и се спуштаат надолу нежно по пердувите, така што често лицето не памти што сонувало. Лошите соништа пак, остануваат заробени во пајаковата мрежа и исчезнуваат при доаѓањето на новиот ден.

Ловците на соништа потекнуваат од нацијата Оджибве, а за време на пан-индијанското движење од 1960-тите до 1970-тите години, тие биле присвоени од домородните Американци. Некои веруваат дека ловецот на соништа е симбол на унија помеѓу многубројните индијански нации и главен симбол на идентификација со домородните Американци или првите културни нации. Сепак, другите домородни Американци почнале да го сметаат ловецот на соништа за премногу комерцијализиран.

Американската етнографка Френсис Денсмор во нејзината книга „Chippewa Customs“ (1929, повторно издадена во 1979, стр. 113) вели:

„Дури и доенчињата беа заштитени со магија. Пример за тоа се овие ‘пајакови мрежи’ закачени над лулките. Обично биле закачени две пајакови мрежи над креветите и се велело дека ‘тие ги фаќаат’ сите лоши работи кои се вечерта во воздухот и сакаат да ни наштетат, како што пајаковата мрежа на пајакот фаќа сè што ќе дојде во допир со неа.“

loading...

Ознаки:

  • Главен и одговорен уредник на Arena.mk, безбедносен инжинер во изградба. Човек, кој смета дека со доволна количина на кофеин, може да се завршат сите дневни обврски.

    Можеби ви се допаѓа и

    Еве го резултатот од спиењето без и со чорапи!

    Фактот дали спиете со или без чорапи говори многу за вас и вашиот организам! ...

    Среќен роденден на нашите омилени јунаци: Том и Џери денес полнат 77 години!

    Вечното ривалство помеѓу мачката и глушецот го одбележа детството на многумина, и баш денес ...

    10 типови на токсични луѓе кои треба да ги избегнувате

    Луѓето често внимаваат на храната која ја јадат – дали се овошјето и зеленчукот ...