Барселона повторно се засилува: Управата на клубот го планира најголемото засилување за оваа година

Каталонскиот весник “Спорт” објави информации дека Барселона се уште не се откажала од својата трансфер цел и дека во јануари повторно ќе се обиде да го комплетира трансферот на Жан Мишел Сери од Ница.

На крајот на летниот прелиминарен рок, фудбалскиот клуб Барселона беше блиску до комплетирањето на трансферот за овој играч, но на крај трансферот пропадна, па Сери остана во Ница.

Да ги подржиме додека не е доцна! “Навивачите на Вардар испратија силна порака до македонската нација”

„Спорт“ кој е секогаш добро информиран за случувањата во Барселона, тврди дека раководството на клубот ќе се обиде да го комплетира трансферот во јануари и да го донесе „наследникот на Чави“.

Неговата цена изнесува 40 милиони евра, а доаѓањето на Сери би значело заминување на барем двајца играчи за врска. Главни кандидати да го напуштат „Камп Ноу“ во јануари се Арда Туран и Рафиња.

Оставете коментар