Вардар на домашен терен може да го победи секого

Барсегјан: На домашен терен можеме да се надигруваме со секого…

Првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа, Вардар го очекува в четврток. Во Скопје доаѓа рускиот тим Зенит.

Важна информација за сите оние кои планираат да одат на наптреварот помеѓу Вардар и Зенит

Играчите и стручниот штаб се во завршна фаза од подготовките за натпреварот. Екипата тренира на тренинг кампот во Хиподром, а утре ќе се одржи и официјалниот тренинг на Националната Арена „Филип Втори“.

Фудбалерите со нетрпение го очекуваат почетокот на дуелот во четврток. Подготвени се уште еднаш да покажат добра игра пред своја публика, и да се обидат да дојдат до поволен резултат. Во досегашните средби во Европа на домашен терен, Вардар ги победи сите три натпревари: против Малме, Копенхаген и Фенербахче.

Погледнете каква казна доби Саудио Мане поради стартот врз голманот на Манчестер Сити

Тигран Барсегјан се надева дека таа триумфална домашна серија ќе продолжи и в четврток.

„Низ досегашните натпревари во Европа, покажавме дека имаме добар тим и дека можеме да се носиме со секого. Особено на домашен терен каде што остваривме три победи во исто толку натпревари. Се надеваме дека таа серија ќе продолжи и против Зенит. Играме против многу силна екипа, но така беше и со Фенербахче, па ние победивме и на двата натпревари. Во Скопје заедно со нашата публика, можеме да направиме уште еден голем резултат“, вели Барсегјан.

Нашиот фудбалер ги повикува гледачите да дојдат во што поголем број на трибините на Националната Арена „Филип Втори“.

Погледнете го брилијантниот гол на Давид Запакоста (видео)

„Повеќе публика, тоа подобро за нас. Тие се нашиот 12-ти играч, ни даваат мотив да играме и да се претставиме во најдобро издание. Ние ќе им се оддолжиме со максимална игра и се надевам на крајот со победа. Дојдовме до групната фаза, и сега треба да мислиме како да освоиме што повеќе бодови во натпреварите кои претстојат. Исто така во овој натпревар влегуваме во добра серија од пет победи која се надеваме и посакуваме да продолжи“, рече ерменскиот напаѓач.

Оставете коментар