Да ги подржиме додека не е доцна! “Навивачите на Вардар испратија силна порака до македонската нација”

Колку навистина го цениме македонскиот фудбал? Дали Македонија е фудбалска нација во целост, или само кога нешто се слави?

Во моментов, актуелна фудбалска тема е ФК Вардар, кој утре на Националната Арена ќе го пречека шампионот на Лига Европа од 2008 година, рускиот гигант Зенит.

Но, покрај скандалозната одлука на ЈПССДП да ги покачи цените за користењето на Националната Арена за цели три пати, со што Вардар за натпреварот со Зенит треба да плати приближно 35.000 евра, се уште половина од капацитетот на стадионот е слободен.

На Вардар во моментов му е потребна вашата помош во новиот предизвик, во историскиот пат кон успехот. Вардар е првиот македонскиот клуб кој што влегува во групната фаза на Лига Европа од осамостојувањето на Република Македонија, да ги подржиме сите заедно нашите црвено-црни херои!

Од Црвено-црното семејство се обратија со:


Баравме ЕВРОПСКИ ВАРДАР, го добивме.

Баравме РеВардаризација, ја добивме.

Баравме учество во групна фаза, го добивме.

Што треба повеќе за да ја наполниме Националната Арена кога игра македонски клуб? Сите по карти, СИТЕ НА СТАДИОН УТРЕ!


За тоа како да купите карти за натпреварот помеѓу Вардар и Зенит, може да добиете повеќе информации на следниов линк.

Сподели

Оставете коментар