Извонредна вечер во Лигата на шампионите, постигнати рекорден број голови во првото полувреме

Втората вечер од новата сезона на Лигата на шампионите е вистинско уживање, после огромниот број на голови кои паднаа во првото полувреме.

Во групната фаза на Лигата на шампионите, се одиграа следниве натпревари:


Фејенорд – Манчестер Сити
Ливерпул – Севиља
Марибор – Спартак Москва
Порто – Бешикташ
Лаипциг – Монако
Реал Мадрид – Апоел
Шахтјор – Наполи
Тотенхем – Борусија Дортмунд


Во првото полувреме, Манчестер Сити доминираше над Фејенорд со 3 постигнати погодоци, односно резултат 0 – 3, благодарение на стрелците Стонес во 2-та минута, Агуеро во 10-тата минута и Хесус во 25-тата минута.

Ливерпул во првото полувреме успеа да направи вистински пресврт откако Бен Једер успеа да постигне гол за Севиља во петата минута, при што Фирмино на асистенција од Морено успеа да израмни во 21-та минута и да постигне пресврт со погодокот на Салах во 37 минута.

Марибор со Спартак Москов не постигнаа ниту еден погодок, додека Порто и Бешикташ на крајот на првото полувреме имаа резултат од 1-2. Лаипциг и Монако првото полувреме го завршија нерешено со резултат од 1-1.

Реал Мадрид и Апоел првото полувреме го завршија со резултат од 1-0, благодарение на погодокот на Кристијано Роналдо во 12-тата минута.

Шахтјор успеа да постигне водство против Наполи благодарение на погодокот на Таисон во 15-тата минута.

Тотенхем и Борусија Дортмунд одиграа навистина интересно прво полувреме кое заврши со резултат од 2-1.

Првото полувреме речиси сите клубови во групната фаза на Лигата на шампионите одиграа отворен и динамичен натпревар, со што претпоставуваме дека второто полувреме ќе биде исто така возбудливо за гледање и навивање.

Следете ги сите натпревари од Лигата на шампионите во живо, заедно со Арена.мк

Сподели

Оставете коментар