Ливерпул и Севиља со нерешен резултат до крајот на натпреварот

Ливерпул и Севиља на Енфилд одиграа навистина интересен и возбудлив натпревар се до 90-тата минута, кога Ливерпул за малку ќе доживееше вистински ладен туш.

Првиот погодок на натпреварот го постигна Севиља, односно Бен Једер во 5-тата минута, при што Фирмино во 21-та минута успеа да постигне погодок за изедначување од 1-1 помеѓу Ливерпул и Севиља.

Ливерпул направи вистински пресврт кога во 37-та минута Мухамед Салах успеа да ја затресе противничката мрежа. Фирмино во 42-та минута успеа да промаши пенал, при што Ливерпул остана на водство од само еден гол.

Се до 72-та минута, кога Кореа го постигна одлучувачкиот погодок за оваа вечер. Крајниот резултат на натпреварот изнесуваше 2-2.

Црвен картон на натпреварот заработи Гомез, поради прекршок во 90-тата минута.

Оставете коментар