Погледнете колкави дневници добиваат кошаркарите на Италија, за настап на Евробаскетот

Репрезентативците на Италија добиваат финансиски надомест за настапот на Евробаскетот, пренесува „Газета дело Спорт“.

Италијанскиот кошаркарски сојуз на репрезентативците им исплаќа дневници, а играчите се поделени во три категории, односно висината на дневницата се однесува според бројот на настапите за националниот тим.

Играчите кои имаат одиграно до 49 натпревари за репрезентацијата од Сојузот дневно добиваат по 100 евра, оние кои одиграле помеѓу 50 и 99 натпревари имаат дневница од 150 евра, додека кошаркарите кои имаат троцифрен број настапи за репрезентацијата добиваат по 200 евра.

Исто така, претседателот на Сојузот, Џани Петручи, најави дополнителни парични награди за секој играч доколку Италија освои медал на Евробаскетот.

Италија на тековното Европско првенство, чија завршница се игра во Истанбул, стигна до четврт-финалето каде што утревечер ќе се соочи со Србија.

Оставете коментар