Погледнете колку руски навивачи ќе пристигнат за мечот помеѓу Вардар и Зенит

Македонската фудбалска сцена станува навистина возбудлива, на Националната Арена утре не очекува големиот меч од Лига Европа помеѓу Вардар и Зенит.

400-500 навивачи на Зенит се очекуваат во Скопје, објави Vardarfans.mk

Да ги подржиме додека не е доцна! “Навивачите на Вардар испратија силна порака до македонската нација”

Зенит ќе има своја поддршка на натпреварот во Скопје против Вардар. Откако управата на Зенит ги пушти во продажба билетите за овој натпревар, истите се продаваат солидно бидејќи и цената на билетите за Руски услови е многу ниска.

Еден билет за навивач на Зенит чини околу 11 евра. Навивачите во Русија се познати по своите добри гостувања и големи бројки, така ќе биде и во Скопје каде ќе пристигнат околу 500 најверни навивачи на Зенит.

Сподели

Оставете коментар