Шпанија се пласираше во полуфиналето на Евробаскетот 2017

Кошаркарите на Шпанија со убедлива победа против Германија со резултат од 84:72 се пласираа директно во полуфиналето на Евробаскетот.

Германија водеше во првата четвртина со 19:16, но наредните две четвртини ги доби Шпанија со 18:14 и 31:20, што беа клучни за победа на Шпанија врз Германија.

Погледнете колкави дневници добиваат кошаркарите на Италија, за настап на Евробаскетот

Марк Гасол дебитираше во мечот со 28 поени и 10 скокови, како и четири асистенции, додека неговиот брат постигна 18 поени и четири скока.

Во репрезентацијата на Германија најдобар беше Денис Шредер со 27 поени и седум асистенции, и Тејс со 15 постигнати поени.

Што се случува кога Леброн Џејмс ќе налета на нашиот Перо Антиќ?

Нареден противник на Шпанија, ќе биде победникот помеѓу Словенија и Летонија.

Сподели

Оставете коментар