Американците останаа сами на полуфиналето на US Open

Последните две четвртфинални средби дадоа уште две Американки во полуфиналето, Медисон Кис и Коко Вандевеј им се приклучија на Венус Вилијамс и Слоун Стивенс.

Американска тенисерка ќе го крене пехарот на УС Опен земјата домаќин ги има сите полуфиналистки на последниот грен слем турнир оваа година.

Последен пат тоа се случило во 1981 година.

Синоќа Кис со убедливи 6-3 и 6-3 ја совлада Каја Канепи од Естонија, а претходно Вандевеј со 7-6 и 6-3 беше подобра од Каролина Плишкова.

Новак Ѓоковиќ стана татко по втор пат, неговата сопруга на свет донесе прекрасно девојче

Во полуфиналето Венус Вилијамс ќе игра против Слоун Стивенс, а Медисон Кис ќе се сретне со Коко Вандевеј.

Сподели

Оставете коментар