Англичаните среќни, Роналдо против Меси во градското дерби?

Каков спектакл би било тоа, не е возможно.

Прво, Кристијано Роналдо.

наводно, Реал беше подготвен да го продаде, доколку Мбапе пристигнеше во Мадрид. Но, ниту во клубот не било се јасно, желбата на Португалецот да си замине постоеше, и тоа да се врати во Манчестер Јунајтед.

Од друга страна на крајот остана, но излезе нов проблем, тој сега бара наводно поголема плата иако потпиша договор до 2021 година.

На Флорентино Перез му е доста, наводно и Зидан смета дека Реал Мадрид може без Роналдо, а тоа би му дало и поголем простор на Асенсио.

Наредното лето можно е токму Португалецот, а не Герет Бејл да го напушти клубот, но, Кристијано би се согласил да премине само во Манчестер Јунајтед.

Од друга страна, ситуацијата околу Меси е неизвести, доколку во Барселона не се промени ништо, тој би можел другото лето да замине како слободен играч.

Меси е незадоволен поради случувањата во клубот, го обвинува клубот за заминувањето на Нејмар, а е незадоволен со фактот дека ова лето, навистина беше промашено. Со тоа, клубот не успеа да се ослободи од играчите за кои смета дека не ги задоволуваат стандардите на Барселона, односно Алксаер и Андре Гомес.

Според нас, постои шанса да двата најдобри фудбалери на светот го променат клубот. И единствено каде што би можеле да се најдат е во Манчестер, во градското дерби, од кои медиумиите веројатно би направиле најголем спортски титански судир во историјата на фудбалот.

Не зависи само од нив, поготово кога Роналди Меси се во прашање, но ќе видиме дали двата најголеми фудбалски клубови, ќе се решат да свртат нова страна.

Оставете коментар