Андрес Иниеста против Леванте прослави голем љубилеј

650-ти натпревар за клубот.

Андрес Иниеста е жива легенда на барселона, но денес дефинитивно влезе во кругот на бесмртните.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

На натпреварот против Леванте (3:0), Иниеста го забележи дури 650-тиот настап за каталонскиот клуб.

Иниеста како капитен ги изведе своите соиграчи на теренот на Камп Ноу, на кој првиот пат како сениор заигра во далечната 2003 година, и до денес со својот матичен клуб освои толку многу трофеи што навистина е тешко истите да се избројат.

Андрес Иниеста во своите витрини, помеѓу останатото има и четири титули од Лигата на шампионите, осум титули Првак на Шпанија, три трофеја на Светско Клупско Првенство и претставува еден од најтрофејните фудбалери кои Барселона ги имала во богатата клупска историја.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Рака на срце, сериозната кариера на Иниеста полека се приближува до крајот, со оглед на тоа што легендарниот Шпанец наскоро ќе наполни 34 години, но јасно е дека вечно ќе остане запаметен на Камп Ноу и не би било никакво чудо да после завршувањето на фудбалската кариера добие некоја функција во Барселона, која дефинитивно ја заслужува.

Оставете коментар