Атлетико го финализира големиот трансфер, како и нивниот нов стадион

Додека траат завршните работи на новиот стадион на Атлетико, управата го финализира големиот трансфер.

Атлетико Мадрид го подготвува новиот стадион “Wanda Metropolitano” и паралелно работи на трансферот на Диего Коста кој би требало да биде поклон за навивачите. Атлетико ќе има премиера во својот нов дом во 4-тото коло на премиерата против Малага. Пола Шпанија сака присуствува на официјалното отворање на стадионот па владее вистинска борба за првите влезници во новиот стадион.

Работите се во завршна фаза: поставени се столчиња и семафори, се полира фасадата, завршува и работата на влезовите на стадионот, се поставуваат ознаки, а на ред наскоро ќе дојде и инсталирањето на тревникот. Стадионот изгледа фантастично и би можел да биде домаќин на Лигата на Шампионите 2019 година. UEFA неодамна објави дека во конкуренција останале Мадридистите и Азербејџанците со својот Олимписки стадион во Баку.

Трошоците за изградба на стадионот се движат околу 240 милиони евра. Во Атлетико имаа дилема околу конечниот број на капацитетот на стадионот, со што постоеја две опции – 73.000 или 68.000. На крајот се одлучија за помалата варијанта која ќе донесе поголем комфор и удобност за навивачите. Стадионот ќе ги има сите можни содржини кои ќе ја збогатат понудата и ќе донесат големи приходи во клубот во идниот период, каде ќе бидат позиционирани во елитата на европските клубови.

Атлетико расте во секој поглед, резултатски и финансиски, кинеските вложувачи неодамна станаа косопственици на клубот и во него вбризгаа милиони евра. Стадионот првиот дел од името ќе го носи по нивната компанија, Wanda.

Покрај новиот стадион, навивачите ќе добијат навистина интересно изненадување, односно враќањето на Диего Коста.

Првата понуда на Атлетико изнесуваше 28 милиони евра, но Челзи бара 50 милиони фунти, што е околу 53 милиони евра. Мадридистите во меѓувреме значајно ја подигнаа цената со што изгледа дека двете страни ќе се најдат некаде помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Челзи многу добро ќе помине во таа приказна. Лондонците го донесоа Коста од Атлетико за 38 милиони евра, а тој беше еден од клучните играчи во освојувањето на двете титули во Англиското првенство во последните три сезони.

Единствен проблем е што Коста нема да има право да настапува за Атлетико до зимскиот прелазен рок кога истекува казната на FIFA на Атлетико поврзана со забраната на регистрација на нови играчи.

Сподели

Оставете коментар