Барселона се откажа од Кутињо, но покажа зошто е голем клуб

За шпанските клубови, петокот беше последниот ден од летниот прелиминарен рок.

За разлика од поголемиот дел европски држави каде последен ден од прелиминарниот рок беше 31 август (четврток), во Шпанија клубовите можеа да купуваат и во текот на петокот.

Барселона во последен момент се обиде да го реализира трансферот на Филипе Кутињо, но Ливерпул бараше неверојатни 200 милиони евра, на што Каталонците одговорија:
“Не, благодарам.”

Барса така не успеа своето оволетно засилување Нелсон Семед, Жерард Деулофе, Паулињо и Усман Дембеле, да го придодаде и Кутињо, иако тренерот Ернесто Валверде постојано повторува дека сака посилен тим откако Нејмар направи трансфер во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра.

Според пишувањето на шпанските медиумите, Барселона пред крајот на рокот се обидела да го позајми и Ангел Ди Марија од ПСЖ, но главна мета им беше Кутињо.

“Нешто мора да се промени, нема да го следиме ваквиот пазар”

“Доцна синоќа Ливерпул ни даде понуда од 200 милиони евра за Кутињо, и ние одлучивме да се откажеме”, објави Алберт Солер, спортскиот директор на Барселона, на конференцијата за новинарите.

Солер потоа даде свој коментар на астрономските износи кои клубовите ги платија ова лето во текот на прелиминарниот рок.

Оставете коментар