Барселона со елегантна победа од 5-0 против Еспањол

Барселона на Камп Ноу вечерва одигра фантастичен натпревар со Еспањол, триумфирајќи со 5-0.

Во првото полувреме од натпреварот, Меси постигна 2 погодоци, благодарение на асистенциите на Ракитич и Алба во 26. и 35. минута.

Второто полувреме беше прилично возбудливо, каде Меси постигна уште еден гол во 67. минута, постигнувајќи хет-трик на натпреварот, а натпреварот го зачинија и Пике со гол во 87. минута и Суарез во 90. минута.

Овој натпревар на Барселона и го обезбеди првото место на табелата со 3 победи, 0 нерешени и 0 порази, веднаш после неа се Севиља и Реал Сосиедад.

Оставете коментар