Барселона шокираше со понудата: Трансферен триаголник од 230 милиони евра

Се води тешка преговарачка битка помеѓу великаните на светските фудбал со неизвесен резултат.

Барселона и Ливерпул продолжуваат да се натпреваруваат околу Филип Кутињо.

Се води тешка преговарачка битка помеѓу двата великани на светскиот фудбал со неизвесен резултат. Моментално, каталонските медиуми објавија дека Ливерупул остана непопуслив во намерата да го задржи Кутињо, но истакнуваат дека работата не пропадна и дека се уште има надеж за Барселона. Следните 48 часа ќе бидат клучни за оваа зделка.

Во исто време Yahoo Sports дека паднал договор помеѓу Барселона и Ливерпул. На Ливерпул му биле понудени рекордни 160 милиони евра од страна на Барселона, тоа била понудата која преговарачите не можеле да ја одбијат. Наводно и Кутињо преку своите застапници жестоко ги притискаше челниците на Ливерпул да ја прифатат понудата на Барселона.

Ливерпул сакаше да добие на време за да ја пронајде одговарачката замена за бразилецот.

Наводно се водат паралелни преговори со Монако околу Томас Лемар. Ливерпул му понуди на Монако 70 милиони евра и со тоа ги довлече челниците на Кралството на преговарачка маса. Имено, досега сопствениците на Монако упорно одбиваа да разговараат.

Сподели

Оставете коментар