arena.mk

БЕТСИТИ меч на денот: АРСЕНАЛ – ЛИВЕРПУЛ

БЕТСИТИ меч на денот: АРСЕНАЛ – ЛИВЕРПУЛ

Арсенал оваа година игра одлично на домашен терен бележејќи 8 победи и само еден пораз од Манчестер Јунајтед и импресивна гол разлика од 23:7.

Петок 20:45

Арсенал оваа година игра одлично на домашен терен бележејќи 8 победи и само еден пораз од Манчестер Јунајтед и импресивна гол разлика од 23:7. На Емирати доаѓа Ливерпул на Клоп кој за разлика од натпреварите на Енфилд, на гостински терен игра ултра напаѓачки фудбал, со гол разлика од 24:17 или нешто повеќе од 4 гола по натпревар.

Без разлика на импресивната статистика ова ќе биде интересен дуел и поради фактот што ова е и битка за 4-то место и пласман во Лигата на Шампионите наредна година. На последните 4 меѓусебни натпревари во просек паѓаат по 5 гола па најреален тип би бил на голови, но сепак поради важноста на натпреварот БетСити предлог ќе биде нерешен исход со коефициент 3.70 во обложувалницата БетСити.

Оставете коментар