Бомба од 40 метри на македонскиот фудбалер Најдовски: Погледнете какво голиште беше ова (ВИДЕО)

Бомба од 40 метри на македонскиот фудбалер Најдовски: Погледнете какво голиште беше ова…

Екипата на Победа одигра 1-1 против Ренова на домашен терен, а дуелот го одбележа ефектниот погодок на Филип Најдовски.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот, вреден 100.000 евра.

Прилепчани чекаа цели 70 минути за да ги израдуваат своите фанови, кои беа сведоци на ретко виден гол на нашите терени. Од навидум безопасна акција на Победа, одличниот Најдовски се одлучи да лансира ракета од 40 метри, која заврши во горниот лев агол од голот на Кобетиќ (1-0).

Сепак, гостите по само неколку минути го вратија мечот во егал, откако од пенал погоди Нафиу.

Со фер и коректно навивање, да го бодриме Вардар во Л.Е.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Оставете коментар