Бостон продолжува да гази

Бостон продолжува да „тероризира“, стигна до 15. триумф во низа, откако на гостувањето кај Атланта славеше со 110:99. По поразот од Селктиски, Голден стејт се врати на победничките патеки на сметка на Филаделфија 124:116.

Бостон не запира. По шампионот, Селтикси славеа на гостувањето кај Атланта со 110:99 за 15. победа во низа и зацврстување на првото место на табелата во Источната конференција. За Бостон ова е најдобар старт во НБА-лигата, а додека четврта најдобра серија по сезоната 2008/09.

Кајри Ирвинг со 30 поени и Џејлен Браун со 27 поени беа најефикасни во редовите на гостинскиот тим. На другата страна Денис Шрудер имаше 23 поени и 9 асистенции.

Хокси добро го отворија мечот, по 12. минути игра водеа со 35-20, но потоа следе серија на Селтикси. На средината на третата четвртина дојдоа до водство од 68:65. Во продолжение гостите со нова серија од 7-0 дојдоа на позитива од шест поени и рутински го приведоа мечот во својата корист.

Голден стејт веднаш се врати на победничките патеки по поразот од Бостон. Бранителот на тронот на гостувањето кај Филаделфија славеше со 124:116. Стеф Кари со 35 поени (11/22 од игра) беше прво име на теренот, зад него беше Кевин Дурент со 27 поени, додека Клеј Томпсон застана на 17.

Со скор од 14-4 Голден стејт е на второто место во Западот, додека Филаделфија е на седмата позиција на Истокот.

Резултати: Шарлот – ЛА Клиперс 102:87, Орландо – Јута 85:125, Атланта – Бостон 99:110, Филаделфија – Голден стејт 116:124, Мемфис – Хјустон 83:105, Далас – Милвоки 111:79, Портланд – Сакраменто 102:90.

Оставете коментар