Ван дер Хејден и Манев во стручниот штаб на Вардар

Белгискиот тренер Стефан ван дер Хејден, и тренерот на голманите Мане Манев, се приклучени во стручниот штаб на Вардар. Со тоа е комплетиран стручниот штаб на екипата во настапите за Лигата на Европа.

Стефан ван дер Хејден ќе му биде асистент на Чедомир Јаневски на клупата на нашиот тим. Новиот тренер на нашиот клуб во минатото работеше како помошник во екипите на Бриж, Локерен и Беверен. Во играчката кариера Ван дер Хејден играше во неколку белгиски клубови, а беше дел и од белгиската репрезентација.

Синот на Абрамович купува клуб кој игра во Лигата на шампионите

Мане Манев во иднина ќе работи со нашите голмани. Манев беше тренер на голмани во многу екипи во Македонија, меѓу кои и Вардар, а до сега работеше во младинските категории на „црвено-црните“. Во минатото беше дел од стручниот штаб на националниот тим на Македонија.

Досегашниот тренер на голманите Саша Илиќ, после три и пол години заминува од клубот. Вардар му се заблагодарува на Илиќ за соработката, и му посакува многу успеси во понатамошната тренерска кариера.

Бартомеу ги откри сите детали околу договорот со Меси: Нема потреба од милијарда евра, тој може да…

Дел од стручниот штаб на Вардар и понатаму остануваат Александар Влахо, Александар Васоски и Михајло Костиќ. Влахо во иднина ќе работи на скаутинг и на анализа, додека Васоски останува асистент на шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски. Михајло Костиќ работи како кондициски тренер на екипата, и се грижи за физичката подготовка на играчите.

Фудбалскиот клуб Вардар им посакува добредојде на новите во стручниот штаб, и им посакува многу успех во работата во „црвено-црниот“ клуб.

Напаѓач од Северна Кореја е новото засилување на Јувентус?

Оставете коментар