Вардарки во Топ – 8 на турнирот во Белград

Вардарки во Топ – 8 на турнирот во Белград…

Кадетската селекција на Вардар на турнирот „Трофеј на Белград” се пласираше на 7. место од вкупно 16 учесници во категоријата девојки родени 2001 и помали. На последниот ден од турнирот нашите девојки изгубија од Крка на пенали со 15 – 17, откако стандардните 40 минути натпревар завршија нерешено со 15-15.

Првото полувреме иницијативата беше кај Крка, чија екипа цели 20 минути одржуваше предност од најмалку два гола, а на пауза заминаа со водство од 9 – 6. Во второто полувреме избраничките на Драгана Пецевска се вратија решени да ја корегираат грешката. И набрзу израмнивме на 9 – 9, и неколку напади подоцна за првпат на овој натпревар имавме и предност од еден гол за 11 – 10. До крајот на натпреварот резултатски се бркавме со противникот, односно, во завршните минути влеговме со предност од 15 – 14, но пред да се огласи звукот од сирената Крка израмнија на 15 15.

Противникот го одредија пеналите. Нашите девојки не ги реализираа првите два пенала, со што противникот победи со 17 – 15.

Вардар: Симона Грујовска, Joвана Трајковска, Сара Миновска, Стефанија Ѓорѓиовска 3, Магдалена Насковска, Андреа Седлоска 4, Ивана Станчева, Анамарија Коларовска 2, Ивана Џатевска, Марија Галевска 2, Стефанија Сoфтовска 1, Анѓела Костовиќ, Ангела Гроздановска 1, Мирјана Петковска 1, Ива Јаковчевска и Јана Арсовска 1.

Оставете коментар