Вардарци на физички тестови во воведниот дел од подготовките

Вардарци на физички тестови во воведниот дел од подготовките…

Во воведниот дел од подготвителниот период, „црвено-црните“ ги одработуваат и физичките тестови, кои служат да се провери формата на играчите, како и неопходните лекарски прегледи на вардаровите фудбалери.

Спроведени се тестови на функционалните и моторичките способности на играчите пред продолжувањето на подготовките за пролетниот дел на сезоната.

Потсетуваме дека во вторник, 16. јануари, експедицијата на Вардар заминува на подготовки во турскиот центар Анталија каде што ќе биде до 7. февруари и ќе одигра шест контролни натпревари. Противници на нашиот тим ќе бидат Пахтакор, Берое, Черноморец Одеса, Заглебје Лубин, Словачко и Дукла Прага.

Оставете коментар