Вардар го победи Силекс како „загревање“ за мечот со Зенит

Вардар денеска дојде и до вториот триумф во првенството, во третиот натпревар одигран сезонава. На Националната Арена „Филип Втори“, попладнево „црвено-црните“ беа подобар противник од Силекс, и заслужено славеа нов триумф.

Ова беше воедно и петта победа по ред на Вардар, вклучувајќи ги сите натпревари од Лигата на Европа, од првенството и од Купот на Македонија. Стрелци на головите за шампионот беа Грнчаров, Барсегјан и Глигоров.

Погледнете што се случуваше: Пресметка помеѓу навивачите на Хајдук и Динамо Загреб (видео)

Токму Глигоров имаше многу мотиви на овој меч, со оглед дека беше 200-ти официјален настап во Вардаровиот дрес. Противникот успеа само да намали, а потоа Гачевски му одбрани пенал на Силекс во 76. минута и не дозволи гостинот од Кратово да се доближи на еден разлика.

Ништо не се случуваше на натпреварот на двете страни се до 19. минута. Се играше мирно, главно на средината на теренот. Потоа водство на Вардар. Убава, воиграна комбинација на играчите во „црвено-црно“, за резултатска предност на нашиот тим.

Работнички и Шкендија нема да можат да играат на Националната Арена

Фелипе од слободен удар додаде до Блажевски, а „деветката“ на Вардар успеа со прецизен центаршут да го проигра Грнчаров на вториот дирек кој што со глава успеа да погоди во мрежата на Митровиќ.

Во 27. минута прва закана за Силекс. Од десната страна Глигоров нафрли до Бујчевски кој што упати удар, но Гачевски успеа да одбрани. Три минути подоцна Георгиев се обиде, но Гачевски повторно беше сигурен.

Се играше 31. минута кога Блажевски упати прецизен удар, но Митровиќ со врвот на прстите успеа да одбрани во корнер.

Погледнете ја стравичната повреда која Мане му ја нанесе на голманот на Манчестер Сити (видео)

Вардар можеше да го зголеми своето водство во 41. минута. Силниот удар на Исени од 25 метри завши само во пречката од голот на Силекс. Топката се одби од грбот на Митровиќ, и за среќа на Силекс заврши само во корнер за Вардар. Тоа беше и последната шанса за промена на резултатот во првото полувреме.

Вториот дел почна со желба на Вардаровите играчи да дојдат и до втор гол и да го зголемат водството. Најпрво се закани Фелипе со удар од дваесетина метри кој го одбрани Митровиќ. Потоа и Глишиќ со силен удар, меѓутоа топката оди само над голот, за серијата на шанси да ја продолжи и обидот на Блажевски кој што го одбрани Митровиќ.

Ова е уште еден доказ зошто Реал Мадрид не може да триумфира без Кристијано Роналдо

Сепак, топката на вистинското место, во мрежата на Силекс заврши во 57. минута. Брдаровски по десната страна се проби до 25 метри од противничкиот гол, додаде до Барсегјан кој што одкосо со прекрасен удар погоди во горниот лев агол од голот на Силекс, а Митровиќ остана само со поглед да ја испрати топката во неговата мрежа. Тоа беше водство на Вардар од 2:0 во тие мигови.

„Црвено-црните“ не застанаа тука, и после помалку од десет минути и трет гол во мрежата на Силекс. Стрелец беше „слвеникот“ Глигоров кој што на овој меч го играше својот јубилеен 200-ти натпревар. Откако убаво се ослободи од својот чувар по левата страна, Глигоров шутираше прецизно во голот на противникот и го зголеми водството на Вардарци на три разлика.

Сепак, во 73. минута Силекс стигна до гол со кој го намали Вардаровото водство. Од корнер нафрли Алексовски и го проигра својот соиграч Ѓорѓевиќ кој што со глава ја смести топката во долниот десен агол.

Новиот состав на Манчестер Јунајтед изгледа застрашувачки

Три минути подоцна беше досуден и пенал за Силекс. Судијата Ставрев виде прекршок на Брдаровски во шеснаесетникот, и кратовци преку удар од белата точка можеа да го намалат резултатот. Меѓутоа нашиот голман Гачевски успеа да одбрани пенал и да не дозволи гостинот повторно да се радува и да стигне до еден разлика.

ВАРДАР – СИЛЕКС 3:1 (1:0)

Национална Арена „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 300.

Судија: Александар Ставрев (Скопје).

Стрелци: 1:0 Грнчаров 19’, 2:0 Барсегјан 57’, 3:0 Глигоров 66’, 3:1 Ѓорѓевиќ 73’

Ж. Картони: Грнчаров, Глигоров, Блажевски, Брдаровски (В) – Гуцев (С).

ВАРДАР: Гачевски, Брдаровски, Грнчаров, Велковски, Глишиќ, Глигоров, Исени (64’ Марковиќ), Фелипе, Барсегјан (64’ Џигаури), Блажевски (74’ Стојков), Итало.

СИЛЕКС: Митровиќ, Ф. Глигоров, Стојчевски, Филиповиќ, Благојевиќ, Гуцев, Филиповски (60’ Алексовски), Тимов, Георгиев, Жуниор (86’ Николовски), Бујчевски (58’ Ѓорѓевиќ).

Рамос започна да врши притисок врз неговиот тренер, Зинедин Зидан
Сподели

Оставете коментар