Вардар домаќин на Горење во СЕХА лигата

Во второто коло на СЕХА Газпром лигата, Вардар во вторник (5 септември 2017) е домаќин на словенечки Горење Велење. Мечот е закажан за 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”

Со овој натпревар почнува серија од четири средби пред домашна публика во СЕХА лигата во следните две недели. Ова ќе биде трет меѓусебен натпревар за Вардар и Горење во СЕХА лигата, а лани на двете средби победија „црвено-црните” со 40-32 и 31-29.

Во првото коло од регионалната СЕХА Газпром лига, Вардар како гостин го победи Металург со 32-23, а Горење пред домашна публика загуби од Целје во дербито на Словенија, 22-25.

Гостите од Словенија сезонава имаат неколку нови играчи и тренерот Жељко Бабиќ. Хрватот е единствениот што успеал да освои бодови во Скопје лани и претходната сезона. Како тренер на Мешков, Бабиќ лани играше 34-34, а во сезоната 2015/2016 победи со 28-27.

Во Горење играат и двајца поранешни ракометари на Вардар, Алем Тоскиќ и Матјаж Брумен.

* Билетите за натпреварот со Горење се пуштени во продажба


Жоан Кањељас – играч на Вардар

„Ние сме фаворити, но сигурен сум дека ќе биде тешко. Играме добро, но ни треба време. Ние сме истата екипа, но сепак не сме истите. Ни треба подршка од навивачите. Сакаме да играме на Ф4, и треба да победуваме дома. Знаеме дека Горење има нов тренер и играчи, но ова е нова сезона. Тие играат многу брзо и треба да бидеме концентрирани.

Треба да ја подобриме играта, и се виде дека играме се подобро. Одиме чекор по чекор.


 

Оставете коментар