Вардар домаќин на првиот Супер Куп на Македонија

Вардар по многу нешта е дел од историјата на македонскиот ракомет, а таа традиција продолжува и сега, бидејќи сме домаќини на првиот натпревар од Супер купот на Македонија.

Натпреварот во коорганизација на Вардар и на Ракометната федерација на Македонија е закажан за вторник (12 септември 2017) во 17 часот во салата во СЦ „Јане Сандански”. Наш противник ќе биде екипата на Еурофарм Работник од Битола со која игравме и во финалето на Купот на Македонија.

Од оваа сезона и во македонскиот ракомет ќе се игра Супер куп на двата тима што ги освоија трофеите. Но, бидејќи Вардар е освојувач на двојната круна, во првенствот и Купот, наш ривал ќе биде финалистот од Купот. А тоа е битолската екипа на Еурофарм Работник. Во финалето на Купот на Македонија во мај годинава во Битола ние славевме со 31-26.

Дерби на СЕХА: Вардар одигра триумфално, моќно и ефикасно против Мешков

Во иднина Супер купот треба да стане традиција и да се игра пред почетокот на новата сезона во домашното првенство. А тоа во Македонија почнува следниот викенд. Вардар не учествува во првиот дел од првенството бидејќи настапува во регионалната СЕХА лига.

За Вардар овој ревијален натпревар ќе биде последна проверка пред гостувањето во Полска кај тимот на Висла Плоцк во рамките од првото коло на групната фаза од лигата на шампионите. На првите три натпревари во СЕХА лигата нашите момци оствариј атри победи, против Металург, Горење и Мешков.

Вардар е тим што постави многу рекорди во македонскиот ракомет. Ние сме тим со најмногу шампионски титули, најмногу куп титули, прва екипа што станала Регионален првак во СЕХА лигата, со најмногу трофеи во СЕХА лигата, и прва машка македонска екипа што стигна до европската титула.
Вардар е ракометен бренд препознатлив во Европа и светот, во својот состав има интернационалци од неколку земји и два континенти.

Дејан Манасков ни откри интересни тајни за него: Погледнете каков автомобил сака да вози во иднина…

Веруваме во иднина ќе ги поместиме границите на повисоко ниво, ќе поставиме и нови стандарди и рекорди што ќе бидат предизвик за сите.

#ЕденЖивотЕднаЉубов

Сподели

Оставете коментар