Вардар им даде попуст на најверните: Комитите за 600 денари ќе добијат блок карта за Лига Европа

Се чини дека недоразбирањата помеѓу навивачката група на Вардар „Комити“ и управата на клубот полека се надминуваат, верните фанови добија повластени цени за дуелите од Лига Европа.

Навивачката група на Вардар, „Комити“ која секогаш и секаде ги прати „црвено-црните“ доби билети со намалени цени.

Ван дер Хејден и Манев во стручниот штаб на Вардар

„Комити“ ги информираа своите членови дека блок билет за Лига Европа ќе можат да набават во сабота на западната трибина за време на мечот против Силекс и тој ќе чини 600 денари.

Вардар го очекуваат три големи дуели оваа есен против Зенит, Реал Сосиедад и Роземборг, па на фудбалерите ќе им треба поддршка од трибините.

Оставете коментар