arena.mk

Вардар јуниор триумфални во Гевгелија

Вардар јуниор триумфални во Гевгелија…

Младите вардарки први го отворија 16. коло во женската лига со гостувањето во Гевгелија и се враќаат со победа, 31-24 (19-12). Мечот требаше да се одигра во вторникот, но поради снежните врнежи истиот беше презакажан, исто како и другите натпревари од ова коло.

Вардар јуниор останува на 5 место на табелата со 27 бода, еден помалку од Пелистер и Металург.

На средбата во Гевгелија бевме фаворити иако отпатувавме со 13 ракометарки, и тоа го покажавме уште на самиот почеток. Домашните ракометарки единствено израмнија во три наврати, последен пат 3-3, и потоа се беше во знакот на „црвено-црните”. Разликата во квалитет беше очигледна а ние брзо резултатски се одлепивме и направивме водство од 6-3, 10-6 и 11-6. Тоа не беше сѐ, зашто до крајот на полувремето имавме и „плус 8″ за водство 16-8 и 17-9.

Анастасија Николовска постигна шест од вкупно седумте гола на средбата.

Во второто полувреме темпото малку падна, па тоа го искористи Гевгелија да намали на „пристојни” 4-5 голови, но без вистински да се закани и да може да направи пресврт. Бодовите заслужено ги освоивме покажувајќи дека и покрај младоста имаме квалитет.
Последните минути од натпреварот повторно сѐ беше проследено со наша доминација и повторно ја достигнавме предноста од осум гола, 29-21 и 30-22.

Гевгелија – Вардар јуниор 24-31 (12-19)

ВАРДАР ЈУНИОР: Кичевска (17 одбрани), Илиќ (1 одбрана), Николовска 7, Карчова 1, Стефановска, Атанасова, Трпевска 2, Диневска 3, Божиновска 3, Филиповска 5, Иванова 3, Николиќ 7, Николовска

Оставете коментар