Варди остро возврати на шпекулациите: Нема кој не го поврзавте со Челси…

Варди остро возврати на шпекулациите: Нема кој не го поврзавте со Челси…

Џејми Варди, напаѓачот на Лестер, уште еднаш ги демантираше медиумските шпекулации дека тој ќе замине од клубот, а ја искористи оваа прилика и да на прави шега на сметка на медиумите кој секојдневно пишуваат за нов напаѓач кој би требало да премине во Челси.

Тој е само еден од неколкуте напаѓачи кои се најдоа во центарот на медиумските шпекулации дека се чекор пред трансфер во Челси, но тој одлучи да ги демантира овие пишувања со тврдење дека е среќен во Лестер и дека нема никаков план да замине.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

„Со кој клуб денеска ме поврзавте? Челси? Тие беа поврзани со секој, зарем не?“ – ги запраша новинарите и додаде:

„Мора овие информации да ги земате со резерва, тоа се само шпекулации. Обично почнат со намера некој да вложи пари во кладилници, па потоа почнат шпекулациите. Јас сум фудбалер на Лестер и сум концентриран само на овој клуб. Ќе биде така се додека клубот не каже друго.“ – додаде Варди.

Оставете коментар